Колачиња

 

На нашата веб-страница користиме колачиња за да обезбедиме современи кориснички искуства, промоција и статистика на посетите. Со изборот на опцијата „се согласувам“ вие се согласувате дека ќе ги користите колачињата. Во случај ако не се согласувате, вие и натаму ќе може да ги користите поставките за колачиња, но поради ограничувањето нема да ви бидат прикажани некои интересни функции и содржини.

 

ШТО СЕ КОЛАЧИЊА?

Колачињата се мали текстуални датотеки што ги користат повеќето веб-страници. Кога ќе ја посетите веб-страницата, колачињата се зачувуваат во вашиот компјутер или во мобилниот телефон. Најчесто колачињата го содржат името на серверот од кој е пратено колачето; времетраењето на колачето и неговата вредност, а обично таа е некој случајно генериран единствен број.

Нивното зачувување е под целосен надзор на вашиот прелистувач - корисникот може евентуално да го ограничи или да го оневозможи зачувувањето на колачињата, меѓутоа таквото ограничување може да предизвика неправилно дејствување на веб-страницата, содржините нема да бидат прикажани и пристапот до некои функции ќе биде ограничен. Колачињата не се штетни и тие секогаш се временски ограничени.

Колачињата ги користат повеќето современи веб-страници бидејќи без нив значително би се намалила корисноста на веб-страниците. Зачувувањето и читањето на информациите од колачињата се користат за:

Колачињата може да бидат привремени (за тековната „сесија“), што значи дека се користат само во текот на вашата посета на веб-страницата и се бришат кога ќе го затворите прелистувачот, а може да бидат и постојани, што значи дека ќе останат во вашиот уред и кога ќе ја напуштите веб-страницата, значи сѐ додека сами не ги избришете или, пак, по истекот на одреден период ќе ги избрише вашиот прелистувач.

 

КАКО PALOMA ГИ КОРИСТИ КОЛАЧИЊАТА?

Ние настојуваме на нашите корисници да им понудиме современа, брза и едноставна веб-страница што самостојно се приспособува на вашите желби и потреби. За да го постигнеме тоа, нашата веб-страница ги користи следниве видови колачиња: технички колачиња, функционални колачиња, аналитички колачиња и комерцијални колачиња. Колачињата, сами по себе, не овозможуваат ваша идентификација и само со нив не е можно конкретно да се утврди кој сте вие.

 

КОИ ВИДОВИ КОЛАЧИЊА ГИ КОРИСТИ НАШАТА ВЕБ-СТРАНИЦА?

Постојат разни видови колачиња и разни начини на употреба. Колачињата може да се класифицираат според нивната функција, нивното времетраење и во зависност од тоа кој ги поставува.

 

КОЛАЧИЊА ШТО СЕ НЕОПХОДНИ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА

Без овие колачиња веб-страницата или делови од веб-страницата не би можеле да дејствуваат правилно, па поради тоа тие се поставуваат веднаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница. Колачињата ги поставува и со нив раководи Paloma.

Име на колачето Цел Датум на истекување Претпријатие
XSRF-TOKEN Безбедносно колаче 2 часа Paloma d.d.
paloma_maca_session Информации за сесијата 2 часа Paloma d.d.

 

СОПСТВЕНИ АНАЛИТИЧКИ КОЛАЧИЊА

Со овие колачиња управува Paloma и непосредно ги поставува нашата веб-страница. Сите податоци се собрани во анонимна и збирна форма, а се користат само за мерење на статистиката на посети на нашите веб-страници. Тие се поставуваат веднаш штом ќе ја посетите нашата веб-страница, со што се овозможува само собирање на статистичките податоци без рекламни додатоци, а податоците не ги делиме со трети лица.

Ако продолжите да ја користите нашата веб-страница, сметаме дека целосно се согласувате со нашите аналитички колачиња. И во тој случај ние сѐ уште само собираме збирни податоци што не се наменети за реклама ниту, пак, ни го откриваат вашиот идентитет.

Име на колачето Цел Датум на истекување Претпријатие
_ga Статистика на посети на веб-страницата 2 години Google Analytics
_gid Статистика на посети на веб-страницата 24 часа Google Analytics
_gat Статистика на посети на веб-страницата 1 минута Google Analytics

 

ФУНКЦИОНАЛНИ И АНАЛИТИЧКИ КОЛАЧИЊА НА ТРЕТИ ЛИЦА

Моментно на веб-страницата не поставуваме аналитички колачиња на трети лица.

 

МАРКЕТИНГ КОЛАЧИЊА НА ТРЕТИ ЛИЦА

Моментно на веб-страницата не поставуваме аналитички колачиња на трети лица.

 

ДРУГИ КОЛАЧИЊА ШТО ГИ КОРИСТИМЕ

Нашата веб-страница не поставува други видови колачиња и не овозможува нивно поставување од трети лица. Меѓутоа, во определени случаи може да користиме колачиња што со ваша согласност вие сами сте ги поставиле на својот уред, кога сте ги користеле разните услуги на Google и тоа пред првпат да ја посетите нашата веб-страница, па поради тоа ние не можеме да влијаеме врз нив.